Обама наредил да се прошири списокот на мети во Сирија

Американскиот претседател му наредил на Пентагон да ја прошири листата на потенцијални мети во Сирија откако разузнавачките служби откриле дека воените трупи на Сирија извршиле преместување од една на друга локација - пишува Њујорк тајмс.

Со тоа списокот од 50 мети сега ќе се прошири а во игра е користење на воено воздухопловство и испалување ракети Томахавк од носачи на авиони.

Можна опција е и користење на Б-52 бомбаредри и Б-2 сателит летала кои носат сателитски наведувани бомби.

Според Њујорк тајм нападот би бил насочен кон воени единици кои „го извршиле нападот со хемиско оружје“ и командните штабови кои раководеле со тој напад.

Началникот на генералштабот на американската војска Мартин Демпси изјави дека меѓу метите може да биде и сириската противвоздушна одбрана и ракетите со долг домет кои ги поседуваат силите на Башар ал Асад.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О