Месото ќе се мелe само пред купувачот

Од 2 септември стартуваше забраната за продажба на мелено месо со сомнителни состојки. Ако сакате да купите мелено месо ќе си одберете парче и месарот е должен тоа да ви го сомеле. Ова е пропишано со правилникот за квалитет на меленото месо. Многу често до сега со рефус меленото месо купувачите добиваа и соја, масно ткиво, делови од кожа и коски. Сега ќе може да се купува само чисто месо и по потреба да се сомеле.

Во Агенцијата за храна велат дека можеби сега за нијанса ќе поскапи месото, но ќе биде гарантиран квалитетот, а граѓаните точно ќе знаат што има во месото што го купуваат.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О