Бугарин врзан во вреќа ќе плива во Охридското Езеро

Бугаринот Јане Петков од бугарскиот град Сандански, денеска ќе се обиде да плива повеќе од 3 км во Охридското езеро, целосно врзан во вреќа.


Овој медицински феномен, со вредности на хемоглобин во крвта под нормалните, користи посебна техника на дишење и концентрација за да ја оствари својата цел.
Настанот е во заедничка организација на општина Охрид, општинскиот Црвен крст и Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ - Охрид.
Пливањето во вреќа во Охридското езеро ќе биде втор ваков потфат на педесет и деветгодишниот Бугарин, бидејќи во 2011 година врзан пливал во Бугарија, во езерото кај Крџали.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О