Конечно смартфон со три СИМ картички

За голем број корисници смартфоните со две СИМ картички се покажаа како практични, а сега на пазарот се појавија и првите паметни телефони со три СИМ картички.

tel500
Кинескиот ГооФон Х1+ и јужнокорејскиот Ел-Џи Оптимус Л4 II се првите смартфони во светот што работат со три СИМ картички. Двата уреди користат Андроид оперативен систем.
ГооФон Х1+ има екран од 12,7 сантиметри, резолуција 854х480 пиксели, 1 гигабајти РАМ меморија, 1,2 гигахерци дуал кор МТК процесор и две камери, на задниот дел со 5 мегапиксели и на предниот со 2 мегапиксели.
Уредот доаѓа со Андроид 4.1 оперативен систем, а се очекува да чини 150 долари.
Ел-Џи Оптимус Л4 II, кој моментално може да се купи во Бразил, исто така, користи Андроид оперативен систем. Во однос на кинескиот конкурент се разликува по некои технички карактеристики, како што е екран ХВГА од 9,65 сантимери, резолуција 480х320 пиксели и нешто послаб процесор од 1 гигахерц.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О