ФОТО:Гугл произведе телефон кој никој нема да го купи

Гугл конечно обелодени на што се работело изминативе месеци во Моторола, компанијата која ја купи лани. Вчера излезе новиот Гугл телефон – Мото Х. 

gugl
И тоа е прилично добар телефон, пишува Бизнис Инсајдер. За разлика од најсилниот играч на пазарот, Самсунг, телефонот не е пренаполнет со софтвер, туку има чиста верзија на Андроид што, како што покажало искуството, на купувачите ќе им се допадне.
Оние неколку погодности кои ги има се одлични. Камерата се активира со свртување на телефонот што овозможува лесно и брзо правење фотографии.
Има програма за примање гласовни наредби како Сири, но во било кој момент можете да и се обратите, дури и ако не го држите уредот.
Кога вадите телефонот од џебот, фотосензорите го забележуваат тоа и телефонот автоматски ви покажува екран со последни нотификации, повици, пораки, мејлови…
Изработката е квалитетна, позадината на телефонот е гумирана, наспроти често евтините пластични кутии кај другите Андроиди, што го прави одличен за држење.
Големината на екранот е 4,7 инчи, но целиот телефон е со приближни димензии на Ајфон 5.
gugl2
Ќе го има во две основни бои – бела и црна, но на посебен сајт може да се нарача и во многу други бои, заедно со исти такви слушалки, па и во вистинска дрвена верија!
Се нуди и Блу тут звучник на кој само го спуштате телефонот и добивате многу погласна музика. На звучникот може наизмечно да се менуваат до пет телефони, па ќе може лесно да бидете диџеј.
Сепак, аналитичарите на Бизнис Инсајдер велат дека сето тоа е попусто – телефонот нема да се продава. Не доволно.
Тоа е лекција која неодамна ја научија и Блекбери со Z10, ХТЦ со One и Нокиа со Lumia. Тоа се одлични телефони кои едноставно не можеа да се пробијат  на пазарот.
Затоа што тој е презаситен во доминацијата на Ајфонот на Епл и Галакси на Самсунг. Имајте предвид – тоа се единствените две компании кои прават профит во мобилната индустрија!
Така, според познавачите, Гугл туку што издаде одличен и прилично евтин паметен телефон (200 долари) кој пазарот едвај ќе го забележи.
gugl3
Економски.мк

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О