„Вашингтон Пост“: Русија победи – Обама го спаси образот

Добитник е Русија, а американскиот претседател Барак Обама на некој начин „го спаси образот“ во врска со Сирија, прифаќајќи го договорот кризата да се реши по мирен пат преку разоружување на таа земја од хемиското оружје, пишува „Вашингтон Пост“.
Според весникот, тешко е да се процени дали станува збор за политика која е толку добро водена па јавноста не може да ја разбере или се во прашање случајно влечени потези со надеж дека ќе испадне најдоброто.

„Според она што сега го гледаме се чини дека станува збор за случајно влечени потези, но Американците бидејќи се противат на воена акција, тоа ќе го прифатат“, оценува „Вашингтон Пост“.

Кога е во прашање Русија таа е добитник, бидејќи успеа да го заштити Асад, додека единствени кои не се задоволни се сириските бунтовници, пишува весникот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О