Тркачки автомобил “Алфа Ромео” беше продаден на аукција вчера вечер за рекордна сума од 5.9 милиони фунти (9.427 милиони долари).
Аукцијата беше организирана од британската аукциска куќа “Бонхамс”
(Bonhams). Тоа е рекордна цена за автомобил од оваа италијанска марка.
Самата аукција се одржа на изложба на стари автомобили во близина на градот Чичестер, јужна Англија.
Моделот “Alfa Romeo Tipo C 8C-35` 50013 `- Scuderia Ferrari Nr 65″ е
произведен во 1935 година. Моделот бил управуван од познатиот
италијански автомобилски тркач Тацио Нуволари.
Претходниот рекорд му припаѓаше на 8-цилиндарскиот модел “Alfa Romeo
Monza 2300″, произведен во 1933 година. Тој беше продаден на аукција во
2010 година во американската сојузна држава Калифорнија за 6.7 милиони
долари.
Во јули во “Бонхамс” беше постави светски рекорд на цена на автомобил продаден на аукција.Моделот
“Мерцедес-Бенц”, со кој Познатиот аргентински тркач Хуан Фанхио победи
во “Формула 1″ во сезоната 1954-55 година, беше продаден за 19,6 милиони
фунти (31.12 милиони долари).