Запознајте го првиот робот-астронаут


Kirobo е мал јапонски хуманоиден робот од само еден килограм кој може да зборува. Откако стигна во вселенската станица тој ги поздрави сите жители на планетата Земја а потоа оддаде почит на Нил Армстронг.


Kirobo беше испратен на Меѓународната вселенска станица на 4-ти август. Тој е тежок само еден килограм а висок 34 сантиметра. Тој е програмиран така што може да комуницира на јапонски јазик и притоа може да ги забележува разговорите со јапонскиот астронаут Коичи Ваката.
Откако Kirobo ги изговори првите зборови во вселената официјално означи нова ера за роботите во вселената.

Дизајнерите на Kirobo ја објавија видео пораката која Kirobo ја испрати кон планетата Земја, а беа објавени и повеќе фотографии.
Во роботското обраќање, Kirobo се претстави како што тоа би го направил и вообичаен астронаут и притоа потенцираше дека 21-ви август претставува само мал чекор кој може да го направи еден робот со цел да се постигне посветла иднина за сите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О