Samsung го објави првиот закривен UHD екран

Јужнокорејскиот технолошки производител Samsung го претстави пред светот првиот телевизор со закривен екран кој нуди слика со Ultra High Definition (UHD) квалитет.

Моделот, кој ќе биде достапен во две големини – со дијагонали на екранот од 55 и 65 инчи, беше презентиран за време на овогодинешниот технолошки саем IFA во германската престолнина Берлин.

Самите екрани не се направени со OLED технологија, што би требало да значи дека корисникот ќе даде пари за телевизор со LED екран.

Во соопштението на Samsung се вели дека и двата модели се создадени врз основа на повратните информации кои корисниците ги имаат дадено на компанијата.
Речиси во исто време конкурентите од Sony пуштија сличен 65 -инчен телевизор, кој сепак не е UHD .
Според зборовите на Hун – Сук Ким – извршен директор на Visual Display единицата на Samsung, новите телевизори се уште еден чекор на компанијата која ќе ги зацврсти позициите на UHD пазарот.
UHD телевизијата вклучува телевизори во две форми – 4К UHD и највисока 8К UHD.
Првиот нуди резолуција од 3840 на 2160 пиксели (вкупно 8,3 милиони точки), а вториот – 7680 на 4320 пиксели (33.2 мегапискела) и е 16 пати повеќе од сега распространетата 1080p HDTV технологија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О