Украле велосипед од крадец и му оставиле интересна порака

Канадски велосипедист му одржа добра лекција на крадецот на велосипеди, кога го пронашол украдениот велосипид на својот пријател заклучен на улицата. Го заменил со картонски, а на крадецот му оставил и порака.

Корисник на порталот Редит му помогнал на својот пријател од Торонто да го врати украдениот велосипед така што ја пресекле бравата на велосипедот, а потоа на крадецот му оставиле картонски велосипед и писмо.

Во писмото објасниле дека го пронашле велосипедот и зошто го земале назад.

- Никаквец! Го украде мојот велосипед, а си заборавил да ми кажеш каде го остави, пишува во писмото во кое понатаму објаснува како го препознале и дека на крадецот му оставиле картонска замена, се до оној момент кога ќе може да си дозволи вистински велосипед.

Корисникот на Редит објави фотографија од одмазда кон крадецот, а се наведува и дека полицијата во Торонто е презафатена и немаат време и ресурси за да пронаоѓаат и крадци на велосипеди. Објасни и тоа дека крадците на велосипеди во Торонто обично купуваат повеќе исти брави и ги оставаат на улиците за да не ги фатат со украдена стока.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О