За Чековски заврши ЕП во Словенија

Ѓорѓи Чековски нема да продолжи да настапува за репрезентацијата на Македонија во продолжението на Европскиот кошаркарски шампипонат во Словенија откако во вчерашниот натпревар против Литванија се здоби со повреда на задната ложа на десната нога, односно кинење на мускулот.

Повредата е сериозна и Чековски ќе мора да одмора подолг временски период, а тоа значи дека Пипан до крајот на ЕП остана без неговите услуги.
Вечерва Македонија во рамките од 3-то коло на групата Б во Јесенице за противник ќе ја има репрезентацијата на Србија. Натпреварот започнува во 21.00 часот.
Инаку, по одиграни 2 дуели Македонија сеуште нема освоено ниту поен, откако нечесно со судиски грешки беше поразена на дуелите со Црна Гора и Литванија.
Македонија синоќа во 2.коло од Б групата во Јесенице загуби од Литванија со 75:67.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О