Фасадно уредување и осветлување за спортската арена „Филип Втори“

За десетина дена ќе започне изведбата на фасадата и надворешното осветлување на Националната спортска арена „Филип Втори“ во Скопје. Завршната етапа од обемната реконструкција и надградба на нашиот најголем стадион ќе ја изведува скопски „Бетон“ и за оваа намена ќе се потрошат од осум до девет милиони евра.

 Во првата фаза ќе се вложат 2,5 милиони евра, при што дополнителни средства ќе се инвестираат за опремување на подтрибинскиот простор. Со довршување на овој дел од стадионот со површина од 3.153 метри квадратни во функција ќе се стават планираните комерцијални простории. Покрај во доградба, зацртаните финансиски средства се наменети и за фасадно обликување и осветлување на Источната трибина. Рокот за изведба на оваа фаза изнесува од три до четири месеци.




ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О