Според САД во Сирија има 45 објекти со хемиско оружје
Според оценка на САД, бројот на објекти на сириската програма за хемиско оружје е 45, а САД и Русија се согласни дека резервите на Сирија се проценуваат на 1.000 тони, соопшти американски претставник.
- Веројатно има 45 објекти, поврзани со сириската програма за хемиско оружје. Околу половина располагаат со количества од искористен материјал за хемиско оружје. САД сметаат дека тие објекти сега се под контрола на сирискиот режим, рече тој.