Во Струмица, каде што градоначалник е Зоран Заев, тендери се добиваат низ законска постапка и ги добиваат оние што понудиле најниски услови на пазарот, факт што јавно го потврди и фирмата „АЛ-МАКС“ во сопственост на Васил Пишев, актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ова се истакнува во писмена реакција на СДСМ на денешната прес-конференција на Иво Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.
- Нема поголема дрскост и понижување на граѓаните од поставувањето на првите братучеди и кумот за контролори и трошачи на парите на граѓаните – велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ, за фирмите на Заеви ги вади истите документи со години наназад, пред секој изборен циклус. Од СДСМ го повикуваат премиерот Груевски на телевизиско соочување со Зоран Заев на темата „чест и морал“.