Косово од полноќ ги крева рампите за македонските производи. Известувањето дека завршува забраната за увоз на македонски производи во Косово од косовската министерка Кусари Лила го испрати до македонскиот министер, Ваљон Сарачини.
Косово ја донесе оваа одлука откако македонската влада од вечерва на полноќ ја укима мерката за условен увоз на брашно, за сите земји членки на Цефта. Ова всушнос беше наведено и како причина за Косово ненајавено, пред 10 дена да стави ембарго за влез на повеќе македонски производи. За да биде иронијата поголема, во Македонија се увезуваат едвај околу 3% косовско брашно, или станува збор за увоз на фодишно ниво тежок околу десетина илјади евра.
Сепак тоа не ги спречи косовските власти да стават ембарго, по што македонската Влада, еден ден подоцна реагираше со воведување влезни такси за косовските граѓани од 5 евра по автомобил и дополнителни 2 евра за секој патник. Тоа повторно ги налути косовските власти, па воведоа целосно ембарго за увоз на македонски производи на Косово. Кризата ја заокружија македонските транспотрери, кои по воведувањето на оваа мерка одлучија да ја блокитаат македонско косовската граница на Блаце и Јажинце, со оправдување дека тие се први на удар од мерките и контра мерките, па освен пеш, една седмица немаше друг начин за минување на границата.