41 годишен Италијанец се сомничи за убиство и секс со леш на 18 годишната девојката од Романија. Полицијата смета дека ја убил откако сексуалната игра тргнала наопаку. Мажот наводно го признал убиството и рекол дека „изгубил нерви“, откако неговата љубовница починала.
Парот се запознал преку интернет, а првиот пат се сретнале во еден мотел. За време на сексуалната игра девојката околу вратот имала пластично јаже кое во еден момент се заплеткало. Тој се обидел да го извади јажето, но таа сепак се задушила. Нејзиното тело тој со автомобил го пренел во друг мотел, се пријавил па лешот го однел во соба, а никој не се посомневал.
Тој во мотелот имал сексуален однос со мртвата девојка, по што ја оставил во кадата. Нејзиното тело го пронашле во мотелска соба, а личната карта и мобилниот телефон ги пронашле во ресторан во Милано. Лешот на девојката е пратен на обдукција, а мажот е во притвор.