Екипажот секојдневно пријавува долга листа на предмети најдени на авион по симнувањето на патниците, а најчестите нешта кои луѓето ги забораваат се пасоши, очила, пари, играчки, книги и помали гаџети.
Но на листата може да се најде и по некој предмет што отскокнува од овие секојдневните, а на годишно ниво тие се сè повеќе и сè почудни.
На пример, многумина ги заборавале своите домашни миленици, како папагал, жаба, сокол и желка.
Вештачки вилици, стаклено око, долна облека, протези и разните отропедски помагала се најдоа на листата на најчудните нешта заборавени на авион. Истите нè тераат да се запрашаме: „Како можел некој да го заборави ова?“
Уште неколку чудни нешта се јајце (неспакувано), торбичка со песок и предлог за брак напишан на картичка и невестински фустан.
Менаџерот на одделот „Изгубено-најдено“ во компанијата Southwest Airlines раскажа што се забораваат патниците во авионите по летовите. Најголемиот дел се очила за сонце и банкноти, а во одделот во кој работи Роберт Лер, работите ги делат според вредноста.