Стотици обожаватели, колеги, пријатели, роднини, па и оние што не го познаваа, дојдоа да го испратат музичарот Дуле од дуото Дуле и Коки.
Плачот на неговото семејство беше најгласен, а останатите со наведнати глави и тага во очите само немо присуствуваа.
Голем број колеги на Дуле од естрадата дојдоа да му оддадат последна почит и да се збогуваат со него. Тука беа: Каролина Гочева, Калиопи, Александар Белов, Бени Шаќири, Панки, Јоце Панов, Александар Митевски, Олгица Христова, Мики Секуловски, нормално, меѓу нив беше и неговиот долгодишен другар и член на дуото, Коки.