Бракот меѓу маж и жена не влезе во Уставот


Не помина предлогот на владеачката ВМРО - ДПМНЕ, поднесен од Влатко Ѓорчев за уставни измени според кои бракот ќе се регулира како заедница на маж и жена.

47 пратеници гласаа ЗА, против беа 26, а 12 воздржани. Поддршка на Предлогот дадоа пратениците од ВМРО ДПМНЕ , против беа СДСМ и ДПА, додека од ДУИ беа воздржани.

За да се донесат уставните измени потребно е двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници.

Пратеникот Владимир Ѓорчев предлогот на ВМРО – ДПМНЕ го бранеше со тврдењето дека 97% од граѓаните во Македонија ги поддржуваат овие уставни измени. Тој го обвини СДСМ дека кога ќе дојде на власт за 10 години ќе го промени Законот за семејство од 1996 година со 42 пратеници.

Во текот на вчерашната собраниста расправа пратеникот на СНСМ, Драгиша Милетиќ му реплицираше на пратеникот на ЛП, Ивон Величковски со зборовите: „Хомосексуалноста е болест, а вие ако сте во чекор со модата, одете, ама пазете кога одите мора да биде тоа строго покрај ѕид“.

Оваа негова изјава предизвика лавина обвинувања од подржувачите на ЛГБТ заедницата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О