Владимир Поп Христов: Кили има рак на коските, марихуаната беше лек

Братот на актерот Кирил Поп Христов, Владимир, двјацата осомничени за илегално производство на марихуана, тврди дека неговиот постар брат е болен од тумор на коските и дека марихуаната која ја саделе во подрумот од викендичката во Визбегово била лек.

kili-intervju-02
„Ќе ви ја кажам приказната во кратки црти бидејќи се изначитав глупости, лаги и измислици. На Кили му е дијагноситиран тумор кој по конвенционален медицински пат не би сакале да го лечиме поучени од скората смрт на нашите родители (мајка ми умре од рак пред неколку месеци благодарение на нашите доктори, а татко ми од тумор, исто така, благодарејќи им ним). Седнав и почнав да барам на интернет кои други начини и лекови постојат. По многу прочитани независни научни трудови и статии како најсилен односно единствен лек за рак моментално е токму марихуаната, но не сатива, туку индика или медицинска марихуана. Ги купивме семките и ги посадивме“, напиша популарниот пејач познат како Мио на својот Фејсбук профил.
 
Тој тврди дека од никого не се криеле и дека нарачките ги правел од неговиот мејл. Популарниот Кили од вчера се наоѓа во 30-дневен притвор. Притвор му е одреден и на неговиот брат, кој во моментов се уште се наоѓа на одмор во Грција. Извор Курир.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О