ВИДЕО: Политиките на Гордана Јанкуловска и ДПМНЕ ќе бидат поразени на фер и некриминални избори

Јакнењето на правната држава и промоција на системот на владеење на правото што во фокусот го има почитувањето на човековите слободи и права, останува приоритет на Министерството за внатрешни работи.

- Во новиот мандат ќе останеме доследни на транспарентното работење и неселективната и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата во институциите и во општеството, рече Фросина Ташевска – Ременски, потпретседател на СДСМ.

„Ќе го стeсниме просторот за злоупотреба на службената положба и овластувања преку јакнење на капацитетот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР и примена на нови алатки за рана детекција и санкционирање на сите злоупотреби.

- Секој вработен во МВР ќе дава отчет за имотната состојба. Вака ДПМНЕ пред повеќе од две години го најавија мандатот на Гордана Јанкуловска како министер за внатрешни работи.

- После седум години, Јанкуловска не само што ги заборави најавените приоритети, туку успеа да докажа дека секогаш кога нема одговор на клучните прашања за МВР , позицијата министер ја користи како медиум за политичка манипулација.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О