Неверојатно откритие – пронајден лек за Даунов синдром?

downsyndrome
Научниците објавија дека откриле состојка којашто ги нормализира симптомите на Дауновиот синдром, односно тешкотиите во учењето.

Тие ја тестирале состојката на глувци, но таа успешно делувала само кај оние кои ја примиле на денот на раѓањето.

Асоцијацијата за поддршка на лицата со Даунов синдром го поздрави ова откритие, но изјавија жалење дека тоа нема да им помогне на оние кои веќе живеат со синдромот.

Истражувачите од медицинскиот универзитет Џон Хопкинс на чело со професор Роџер Ривс ја открија состојката којашто го зголемува потенцијалот кај лицата родени со Даунов синдром и ги неутрализира проблемите со учењето.

Тие веруваат дека само една доза од лекот го стимулира мозокот нормално да се развива, а кај заболените од Даунов синдром, мозокот се развива само 60% од нормалната големина.

Во тек се истражувања и адаптирања за лекот да може да се користи и кај луѓе, а светската јавност е во исчекување на денот кога лекот ќе се најде на пазарот, со што ќе се помогне значително на оние кои имаат Даунов синдром.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О