Слушајте музика за да имате силно и здраво срце

listeningtomusic
Резултатите од истражувањето на научниците од Универзитетот во Ниш покажаа дека со слушање музика пациентите со срцеви болести побрзо закрепнуваат.

Имено, кога луѓето ја слушаат омилената музика, во мозокот се лачи хормонот ендорфин, кој го подобрува здравјето на срцето.
Научниците откриле дека музиката без текст е најдобра, бидејќи зборовите некогаш можат да го вознемират слушателот.

Во истражувањето учествувале 74 пациенти, кои биле поделени во три групи. Едната одела само на вежби во текот на три недели, втората исто така вежбала но слушала и музика по половина час секој ден, а третата слушала музика но не вежбала.

На крајот од тринеделниот период учесниците биле повторно тестирани, а експертите кај оние пациенти кои вежбале и слушале музика забележале значителни подобрувања. Срцевата функција и кондицијата кај нив биле зголемени просечно за 39 отсто.

За разлика од нив, групата која вежбала а не слушала музика, ја подобрила кондицијата за 29 отсто. Она што ги изненадило научниците е што лицата кои слушале музика, а не вежбале, исто така ја подобриле кондицијата и тоа за 19 проценти. Шефот на истражувачкиот тим Марина Дељанин смета дека „комбинацијата од музика и вежбање доведува до подобрување на работата на срцето, а со тоа и на кондицијата“.

- Слушањето на омилената музика во комбинација со тренинг може да биде дополнителна рехабилитација за пациентите со коронарно артериска болест, истакнува Дељанин.

Откритијата од ова истражување биле претставени на годишниот конгрес на Европското здружение на кардиолози во Амстердам.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О