На Балканот ќе биде претежно сончево и
ветровито. Силен ветер ќе дува на југ од полуостровот и во Јонско и
Егејско море. Максималните дневни температури ќе се движат од 25°C до
32°C.
Во Македонија во недела ќе биде сончево,
топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во
западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските
температури ќе се движат од 5°C до 14°C, а максималните дневни
температури ќе достигнат до 24°C односно до 33°C. УВ индекс 6.
Во Скопје во недела ќе биде сончево и
топло. Умерен северозападен ветер. Утринската температура од 11°C, а
максималната дневна температура ќе достигне до 30. УВ индекс 6.
Во понеделник ќе биде претежно сончево
со локална облачност и топло. Кон крајот на денот зголемување на
облачност. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе
дува умерен западен ветер. Утринските температури од 5°C до 15°C, а
максималните дневни температури ќе се движат од 25°C до 33°C. УВ индекс
6.
Во Македонија во вторник ќе биде умерено
облачно со повремени сончеви периоди. Попладне услови за слаби локални
врнежи од дожд ќе има во северозападните предели. Слаб северен и
северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер
кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури ќе бидат во
пораст и ќе се движат од 9°C до 18°C, а максималните дневни температури
ќе достигнат до 24°C односно до 34°C. УВ индекс 6.