ФИБА не го емитува спорниот момент од мечот Македонија-Црна Гора

Спорниот момент од натпреварот помеѓу Македонија и Црна Гора, кој го одбележа првиот ден од 38-то Европско првенство во кошарка, според ФИБА не го заслужи своето место во ’хајлајтсите’ во прегледот на натпреварот.

Црна Гора ја совлада Македонија со 81-80, но целиот меч мина во контроверзната одлука на судиите, односно моментот кога Милко Бјелица ја повлече мрежичката под својот кош.

Во последниот напад на Македонија, Бо Мекејлеб упати шут за победа, топката отскокна од одбрачот, потоа Чековски се обиде да ја спушти во кошот, но не успеа бидејќи Бјелица ја повлече мрежичката.

Откако топката излезе од обрачот Алекса Поповиќ ја исфрли во аут, а судиите не и доделија поени на Македонија, а и аутот и го подарија на Црна Гора.

Веднаш по мечот, поради очигледна повреда на правилата на кошаркарската игра, македонската делегација вложи жалба, која ќе се разгледува во петок, во седиштето на ФИБА во Минхен.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О