Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Хрватска (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово околу 7 часот на излезот на 64-иот километар на автопатот А3 Брегана Липовац кај излезот за Иваниќ Град. Патничко моторно возило се судрило камион, а животот го загубија две лица, а три се повредени.

Тие биле во автомобил мерцедес со бугарски регистарски таблички што удрил во камион со турски ознаки. Уште не се познати околностите за незгодата, освен дека мерцедесот се забил под приколката на камионот.

Во автомобилот имало пет патници, кои се враќале од годишен одмор на работа во Италија, а од нив двајца загинале на лице место.

Како што соопштуваат хрватските медиуми, девет пријатели со два автомобила се враќале од годишниот одмор во Македонија. Автомобилите оделе еден позади друг, а крајната дестинација им била Италија.

Цело време возеле еден зад друг, а потоа возачот на првиот автомобил во ретровизорот ја видел ужасната сцена мерцедесот со петте негови пријатели удрил во камионот што стоел покрај патот, чиј возач застанал да ја смени пукнатата гума.
Совозачот (38) и патник на задното седиште (26), за кои хрватските медиуми пишуваат дека се македонски државјани, починале на лице место, а возачот и остатанатие двајца патници на задното седиште со со тешки повреди, но животот не им е во опасност. Повредените се пренесени во болницата во Дубрава.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О