Најдебелиот човек на светот, ослабе и ја пронајде љубовта на својот живот

Пол Мејсон долг период бил во депресија поради својата тежина. Со своите 445 килограми, тој важел за најдебелиот човек во светот, одвај се поместувал и бил многу осамен. Но, по операцијата, која му помогнала да ослабне 305 килограми, животот му се променил за 360 степени. Мејсон ja пронашол и за него, совршената жена.



Мејсон претходно, појадувал пакет сланина, четири кобасици, четири јајца со леб и ќофтиња. Ручекот му се состоел од порција риба (за четири особи), пржени компирчиња со два ќебапа, додека за вечера јадел печено месо и пица, со „малку“ компирчиња. Тој јадел десет пати повеќе од она што му било потребно, а почнал да се прејадува и откако девојката која што ја сакал го оставила и поради прекумерната тежина ја изгубил и работата.

Поради својата дебелина, Мејсон бил затвореник во својот дом повеќе од дваесет години.

Со текот на времето тој станал неподвижен и не можел да се грижи самиот за себе.Во 2002 година, пожарникарите морале да рушат ѕид од неговата куќа, само за да можат да го пренесат до болница.

Иако Ребека Маунтин, која ја запознал пред еден месец, а во живо не ја видел, 52-годишниот Пол тврди, дека токму таа е љубовта на неговиот живот.

Поранешниот поштенски работник, вели дека не може да дочека да го помине остатокот од својот живот со Ребека.

Сè уште официјално се немаат запознаено, но Мејсон е уверен дека таа е како створена за него. Ребека после гледањето на документарниот филм за неговиот проблем, одлучила да му пише преку Фејсбук и да му понуди помош околу собирањето на пари за операцијата за отстранување на вишокот кожа.

–На почетокот бев внимателен, но кога ја видов преку Скајп почуствував олеснување. Зборувавме четири и пол часа. Ништо не знаев за неа, но разговаравме за нејзиниот живот и за тоа дека сака да ми помогне – рече Мејсон кој после долгиот разговор сфати дека помеѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Ребека планира наскоро да отпатува во Велика Британија, со цел потенцијалниот пар конечно да се видат во живо.

- Многу сум возбуден и мислам дека и она се чувстува исто – рече бившиот најдебел човек на светот.

Грижите на Пол Мејсон почнале во неговите дваесетти години, кога останал без татко, а потоа и на неговата мајка и се влошила здравствената состојба. Почнал неконтролирано да јаде и развил зависност од храна. Сепак, операцијата му пружи шанса за нов живот, кој ако се биде како треба, ќе го помине заедно со Ребека покрај себе.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О