Цврста рака: Зошто Русите го споредуваат Путин со Леонид Брежњев?

Кога пред претседателските избори во Русија во 2012-тата година, голем број на Руси почнале да го споредуваат Владимир Путин со некогашниот лидер на СССР, Леонид Брежњев, САД не биле посебно задоволни со таквиот вид на историска аналогија.

Споредбите со можеби најнезгодниот противник од Студената војна, кај Американците предизвикале потсетување на не толку среќни времиња. Од друга страна, изгледа дека овие споредби на Владимир Путин многу му годат.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, уште во 2011-тата година изјавил дека "споредбите со Брежњев се сè само не минус за рускиот претседател".



"Тој ги поставил темелите на нашата држава, и бил голем плус за Русија. Ја оживеал економијата и земјоделството, и го поставил СССР на нозе", изјавиле тогаш од Кремљ.

Причината поради која САД го критикувале Брежњев била неговата непопустлива политика кон Западот, поради што често бил обвинуван за "сталинско управување на државата".



Студената војна своите најделикатни моменти ги имала токму за време на владеењето на Брежњев, кој бил убедливо најпопуларен руски лидер на 20-от век. Таа популарност е можеби и најголемата причина поради која Путин е споредуван со него.

Брежњев бил еден од заслужните за организацијата на Олимписките игри во Москва во 1980-тата година, а 34 години подоцна, во времето на Владмир Путин, Русија повторно го организирала најелитното спортско натпреварување во светот.



И додека Западот ги фали советските лидери кои "помогнале во ставање крај на Студената војна", како Горбачов и Јелцин, рускиот народ сè уште ги гледа Путин и Брежњев како најдобри претседатели кои земјата некогаш ги имала.

Со други зборови, Русите очигледно сакаат претседатели кои не се плашат да се спротивстават на САД.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О