"Ако не ме прифатите на Твитер, ќе и го скршам вратот на мојата чивава", напишала една млада девојка на официјалниот Твитер профил на групата "One Direction", а својата закана таа ја поткрепила и со слика на која што позира со своето куче во прегратки. Откако не добила одговор, тинејџерката објавила и втора фотографија, на која што нејзиното куче е наводно мртво.
Девојката, чие што корисничко име на Твитер било "@illumivato", со денови на својот профил објавувала фотографии на кои може да се види како таа измачува животни, се со цел да го привлече вниманието на светските ѕвезди.
Сепак, таа ги преминала сите граници кога на профилот на тинејџерската атракција "One Direction" напишала дека го задавила своето милениче затоа што не ја прифатиле. Покрај објавената фотографија таа напишала: "Ве сакам. Моето куче штотуку умре".
Потоа, истата тинејџерка и испратила порака и на Кејти Пери, во која што ја замолила за пријателство, објаснувајќи и: "Те молам прифати ме, некој неодамна ми го удави кучето. Тажна сум".
Пред нејзиниот профил да биде деактивиран од страна на администраторите на Твитер, таа објавила и фотографии од заврзано дете и мачка ставена во блендер, а напишала и дека мора сите да и станат пријатели или во спротивно ќе му наштети на детето и ќе ја сомеле мачката.