Намирници кои предизвикуваат појава на акни

Намирниците кои секојдневно ги консумирате, многу влијаат на изгледот на вашата кожа.

За да се ослободите од проблемот со акните важна е негата на лицето но и исхраната. Еве кои се намирниците кои секојдневно ги консумираме, а кои би можеле да бидат причина за акните на вашето лице.

Млеко

Едно истражување направена на Универзитетот Харвард покажала дека постои директна врска помеѓу редовното консумирање млеко и појавата на акни. Колку повеќе е обработувано млекото, содржи повеќе хормони, кои предизвикуваат појава на акни.

Шеќер

Сите сакаме шеќер и слатки кои го содржат во големи количини, но тој не нѐ сака нас. Рафинираните шеќери предизвикуваат нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта, што предизвикува нагло излачување големи количини инсулин, кој поттикнува раст на клетките околу порите на кожата и лачење на андрогени. Андрогените пак потикнуваат создавање на акни. Немојте да очајувате, обидете се да користите што повеќе природни засладувачи, белиот шеќер заменете го со кафеав или со мед.

Рафинирани намирници
Дали за ручек јадете пица? Дали за десерт одбирате колач? На овој начин исто така си правите проблеми со кожата, бидејќи овие намирници исто така предизвикуваат нагло покачување на шеќерот во крвта.
Чоколадо

Чоколадото ќе ви создаде проблеми на ист начин како и шеќерот. Затоа задолжително преминете на темна чоколада, која содржи најмалку 70% како, а повеќе антиоксиданси, кои ги намалуваат воспаленијата и акните.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О