Кан Чавусоглу е роден во Истанбул, студирал во САД а најавил дека ќе биде независен кандидат на изборите за градоначалник во градот Буланчак на крајбрежјето на Црно море.
Тој се надева дека ќе стане првиот градоначалник во Турција кој се декларира како хомосексуалец, објавува весникот Хуријет.
Хомосексуалноста во Турција не е со закон забранета, но поголемиот број на жители во оваа земја со предрасуди ги гледаат припадниците на оваа заедница. Во последните десет години, во оваа земја се засилила борбата за правата на ЛГБТ заедницата.