Вечерва почнува Лигата на шампионите

Со денешените осум натпревари ќе стартува новата сезона од натпреварите по групи во фудбалската Лига на шампионите. Титулата ја брани Баерн Минхен, кој се наоѓа во групата Д заедно со екипите на Манчестер Сити, ЦСКА Москва и Викторија Плзењ.

liga-sampioni-500
Македонскиот фудбал оваа сезона ќе биде претставен преку Горан Пандев (Наполи) и Даниел Георгиевски (Стеауа).
Екипите на македонските репрезентативци своите настапи во стартното коло ќе ги имаат утре.
Според распоредот двојките за денеска се:
А група: Реал Сосиедад - Шахтјор и Манчестер Јунајтед - Баер Леверкузен.
Б група: Копенхаген - Јувентус и Галатасарај - Реал Мадрид.
Ц група: Бенфика - Андерлехт и Олимпијакос - ПСЖ.
Д група: Баерн Минхен - ЦСКА Москва и Викторија Плзењ- Манчестер Сити.
Почетокот на натпреварите е во 20:45 часот, а натпреварите од 1.коло во групите Е, Ф, Г и Х ќе се играат утре.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О