iPhone 5S и 5C се појавија во Кина

Кина повеќе не е само извор на ефтини и квалитетни телефони (Xiaomi), туку и извор на најновите гласини поврзани со Apple. China Telecom, „по грешка“ постави билборд со новите модели на iPhone...
За среќа, беа направени неколку фотки пред да биде тргната оваа реклама. Најважното што го дознавме тука е дека не очекуваат многу различни бои, кои не се резервирани само за iPhone 5C (Colors) моделот. На рекламата, забележуваме еден iPhone со алуминимско куќиште во златна боја, а исто така, изненадувачки, постои и модел во зелена боја.

Се прашувате како може China Telecom да направи ваква грешка во промоцијата? Кинезите се малку нестрпливи, бидејќи ова е првиот пат кога Кина ќе го добие телефонот на датумот на лансирање, односно заедно со сите други земји.Промоцијата на новите iPhone уреди е закажана за 10-ти септември, а посебен промотивен настан ќе се оддржи и ден потоа во Пекинг, промовирајќи ги новите телефони во Кина.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О