Прва реклама за Xbox One

Новиот Xbox ќе започне да се продава за само неколку месеци, односно на 22-ри ноември оваа година. Крајно време беше да видиме некоја реклама за овој уред...

Она што е изненадувачки (и што на нас сеуште не ни се верува) е дека во оваа реклама нема ниту една игра. Фокусот на рекламата не е гејмингот, туку ТВ функционалностите на новата конзола. На пример, постојат гласовни команди, Skype интеграција, како и статистики во реално време за натпреварот (американско рагби, нормално).

Сето тоа е во ред, но ова се функционалности кои веќе ги нудат Smart телевизорите, на пример, на Samsung. Сите овие предности на конзолата треба да бидат дополнување на гејминг делот, а не да доминираат како главни функционалности.
Веќе постои големо осудување од страна на гејмерите, кои не веруваат дека Microsoft доволно ќе се труди во врска со игрите за оваа конзола - погледнете го само dislike bar-от на видеото. Кој е вашиот избор, Xbox One или PlayStation 4? :)

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О