Kрај на трговската војна меѓу Македонија и Косово

Косовската влада по одлуката на македонската влада за укинување на условенниот увоз на брашно, најави кревање на рампата за македонските производи и повлекување на ембаргото. Од кабинетот на косовскиот вицепремиер, Хајредин Кучи велат дека утре ембаргото ќе биде тргнато.

„Границата ќе се деблокира во сабота навечер“, соопшти Дритон Лајци од кабинетот на вицепремиерот на Косово, Хајредин Кучи, а пренесе НОВА.

Како што вечерва одлучи македонската Владата,  мерката за условен увоз на брашно од странство во земјава ќе престане да важи на 15 септември на полноќ, соопшти вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Тој истакна дека за укинувањето веднаш била информирана владата на Косово.
„Има најави од косовските медиуми дека ќе биде укината и нивната мерка за забрана на увоз на македонски производи. Сепак за тоа останува да одлучи Косовската влада“, изјави Пешевски.
Мерката за условен увоз на брашно беше повод Косово да воведе ембарго на дел од македонските производи, а по контра мерките и воведувањето такси за влез во Македонија на косовските жители, и целосно да го забрани увозот во Косово од Македонија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О