Медиумите на островот шпекулираат: Принцот и британската миленичка во врска?

Веста дека младата актерка и најпосакуваниот британски ерген би можеле да бидат во врска, ги возбудила светските медиуми.

По принцот Вилијам, изгледа дека и Хари ја пронашол својата принцеза. Помладиот член на британското кралско семејство, наводно е во врска со младата актерка Ема Вотсон, која стекнала светска слава глумејќи во "Harry Potter".

Британските медиуми пишуваат дека двајцата се запознале кратко откако таа раскинала со поранешното момче, а тогаш Хари ја повикал да му биде партнерка не една свеченост. Во секој случај, принцот не заборавил на манирите. Ни тој, ни таа не ги потврдиле гласините, ниту ја демантирале врската.


Интересно е тоа што неодамна објавила дека ќе глуми принцеза во новиот филм на Дизни за "Убавицата и ѕверот", па овој пат приказната би можела да се пренесе и во реалноста.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О