Метеоролозите најавија дека оваа зима ќе биде најстудената по последните 100 години, а очигледно во Чешка и зимата започна.
Утринава таму биле измерени рекордно ниски температури и тоа до
минус 10,9 степени во Рокитске слати, на планинскиот венец Шумава, во
западниот дел на земјата.Од Чешкиот хидрометеоролошки завод велат дека на 25 места од станиците каде повеќе од 50 години се мерат минимални температури,рекордот бил надминат.
Во станицата Опава-Отице, со измерени минус 5,6 степени бил надминат рекорд од 1876 година.
За идната недела метеролозите предвидуваат дека земјата ќе ја зафати бран од топол воздух од југ и се очекува да биде под нула степени ниту преку ноќ. Дневната температура ќе биде меѓу 11 и 18 степени.