СДСМ: Политиките на ВМРО-ДПМНЕ допринесоа 300.000 луѓе да се иселат од Македонија

Интегрално ви го пренесуваме соопштението, писмената реакција на СДСМ, на политичкиот пикник организиран од Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

sdsm-logo

Почитувани,

Не постои политички субјект во државата за кого семејството не е значајна клетка на општеството, но само ВМРО-ДПМНЕ вулгарно го злоупотребува за политички цели.

ВМРО-ДПМНЕ лицемерно зборува за семејство и семејни вредности. Токму политиките на нивната власт допринесоа над 300 илјади граѓани, пред се млади, да се иселат од Република Македонија во последните неколку години.

Конзервативниот популизам што го спроведува ВМРО-ДПМНЕ, во суштина е параван за одвлекување на вниманието на јавноста од катастрофалните резултати на владата на Груевски кои негативно влијаат на македонското семејство.

Денес, вистинските проблеми кои го мачат просечното семејство во Република Македонија се невработеноста, сиромаштијата, поскапувањата, нискиот стандард  и растечкото раслојување на граѓаните.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О