Застрашувачки рани на жртвите на напад на стршлените-убијци во Кина

Ројот на џиновски стршлени усмртија повеќе од 40, и ранија 1.600 лица во Кина, од кои најмалку 37 се наоѓаат во критична или тешка состојба во болница, додека оние кои го преживеале нападот ги лечат кратерите со големина на влезна рана од куршум.
Во последните три месеци инсектите најчесто вршеле инвазија на градовите Ангканг, Хнаџонг и Шанглуо. Локалните експерти велат дека станува збор за џиновски стршлен или vespa mandarinia, кој може да порасне до пет сантиметри во должина, и да има боцка со големина од 6 милиметри.

„Колку повеќе трчате, тие толку повеќе ве бркаат“ – објаснува една од жртвите на овие застрашувачки инсекти.



Некои од нападнатите велат дека стршлените летале по нив и по 200 метри.

Властите мобилизирале специјален тим на лекари и обучиле повеќе медицински персонал со цел да ги згрижат жртвите на нападите на летечките џинови, додека во некои краеви пожарникарите работат на отстранување на нивните гнезда.


Најагресивни во сезоната на парење

Експертите објаснуваат дека стршлените се најагресивни во сезоната на парење и миграција, во текот на септември и октомври. Тие додаваат дека сувото и топло време придонело за тоа нивните напади да бидат толку жестоки.

„Поголем број на смртни случаи се случиле поради алергија од отровот на инсектите“ – вели Шуничи Макино, директор на Истражувачкиот центар за шумарство.


„Многу е тешко да се спречат нападите на овие инсекти бидејќи нивните гнезда се обично на скриени места. Отровот на азискиот џиновски стршлен е посебен во однос на другите видови, или на осите“ – предупредува Макино.
Четири пати поголеми од обичнните стршлени

Постои страв дека стршлените се упатиле кон Велика Британија. Овој вид е четири пати поголем од обичниот стршлен, и е заслужен за мутацијата на популацијата на пчели во Франција. Се претпоставува дека овие црни напаѓачи стигнале во Франција заедно со испорака на кинески порцелан кон крајот на 2004 година. Од 100 административни департмани, кинескиот стршлен колонизирал 39.




Една од жртвите поминала во болница два месеци и примила 13 дијализи. Имала 200 шевови, но се’ уште не може да ги помрдне нозете.

„Стршлените беа застрашувачки. Ми се залетаа во главата и потполно ми ги прекрија нозете. Одеднаш почувствував убод, и веќе не можев да се помрднам. Еве, и сега имам дупки по нозете“ – вели таа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О