"PS4" ќе го победи "Xbox One"

Аналитичарите предвидуваат дека за време на новогодишните празници новата конзола за играње „Sony Playstation 4“ ќе се продаде во повеќе примероци отколку „Xbox One“.
„PS4“ во Европа ќе биде пуштен во продажба на 29-ти ноември, по цена од 412 евра, додека конзолата на „Microsoft“,„Xbox One“, Ќе почне да се продава од 22 ноември по цена од 500 евра.

Играта „FIFA 14“ ќе доаѓа со конзолата „Xbox One“ како дел од стандардниот пакет со еден контролер, а за повисока цена можете да добиете и стандардни и алтернативни верзии на играта „Call of Duty: Ghosts“.


За стандардната цена на својата конзола „Sony“ нуди два контролера, камера и „Killzone Shadow Fall 500 GB“ конзола.

Аналитичарите предвидуваат дека конзолата „Sony“ ќе ја надмине онаа на „Microsoft“, најмногу поради пониската цена од речиси 100 евра.

Но платформата „Xbox One“, според аналитичарите, има две основни предности – „Kinect“ гласовен интерфејс и импресивна „Xbox LIVE “ инфраструктура и дизајн.


Аналитичарите исто така соопштија дека ако Кина ја укине забраната за играчки конзоли во 2014-та година, „Microsoft“ на тој пазар веројатно ќе завземе најдобра позиција, а се предвидува дека сепак во светот ќе постигне голем успех, иако има неколку краткорочни проблеми, како што се високите цени и присутност во само неколку земји од светот.

Најновите предвидувања ги земале предвид и последните истражувања во кои корисниците од Америка изјавиле дека повеќе го сакаат „PS4“ отколку „Xbox One“. Повеќе од ¼ од вкупно анкетираните 1.300 луѓе рекле дека би го купиле „Sony PS4“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О