Иако се на почетокот имало сомненија дека терористичкиот
напад во трговскиот центар во Најроби го извршиле 10 до 15 напаѓачи,
снимките покажуваат само четворица.
Две седмици по страшниот масакр во трговскиот центар во Најроби,
се појавила снимка од напаѓачите внатре во центарот и од нивните жртви
кои бараат засолниште.Снимките од надзорните камери јасно покажуваат како терористите се движеле низ центарот и го пребарувале складиштето, а се претпоставува дека овие кадри настанале во моментите кога веќе биле убиени 20-тина лица.