Шпанскиот тенисер Рафаел Надал од понеделник ќе се врати на првото место на АТП - листата, симнувајќи го од врвот Новак Ѓоковиќ, а вели дека повеќе од тоа го радуваат резултатите што ги постигна во изминатиот период. Тој претходно долг период отсуствуваше од терените поради повреда.
„Ова е фантастична година за мене, една од најдобрите во кариерата. Се враќам на првото место на АТП - листата, но тоа е само бројка. Јас сум горд на успесите што ги постигнав по враќањето од повредата, а знам дека сето тоа го сторив со многу труд и напорна работа. Навистина сум горд на себе и се чувствувам среќен“, изјави Рафаел Надал.
Шпанецот оваа сезона освои десет титули во 12 финалиња на турнирите, а се пласира и во финалето на турнирот во Пекинг, откако Томаш Бердих го предаде мечот во полуфиналето, поради повреда, при резултат 4-2 во гемови.