Се сексале и твитале: видеото што за само еден ден растури на Интернет отстрането од Јутјуб

Опседнатоста со социјалните мрежи и зависноста од смартфоните сè почесто се исмејувани од многумина, а некои посегнуваат и по духовити форми на укажување на лошата страна на тој модерен порок.

Така, глумците Ден Ходап и Шелаја Еванс снимиле пародија што покажува како зависноста од електронските тракатанци и сеприсутноста на социјалните мрежи може да отиде предалеку.

Тие двајца глумат љубовници што наместо да му се препуштат на сексот, постојано се снимаат со разни помагала, а клиповите и фотографиите веднаш ги објавуваат на своите профили на социјалните мрежи, за да привлечат поголемо внимание и да соберат лајкови.
За жал, Јутјуб го отстранил видеото, и покрај тоа што е само пародија и што е прилично пристојно и духовито.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О