Групацијата ги анализираше прописите за добивање визи на сите земји во светот, рангирајќи ги по слободата на патување за своите граѓани.
Можеби без поголемо изненадување, најдобри оцени добија земјите од Европа. На прво место се наоѓаат Финска, Шведска и Велика Британија на чии граѓани им е дозволен пристап во 173 земји во светот без да им е потребна виза.
На второ место се наоѓаат Данска, Германија, Луксембург и САД, а без виза жителите на овие земји можат да патуваат во 172 земји.
Овие бројки се во голема диспропорција со оние кои се наоѓаат на дното на листата. Суданците, на пример, можат да патуваат во 38 земји без виза, додека граѓаните на Пакистан можаат да бираат меѓу 32 земји.
Погледнете ги земјите чии жители имаат најлоши пасоши за интернационално патување без визи: