Касилјас: Желба ми е да останам во Реал Мадрид до крајот на кариерата
Икер Касилјас го предводеше тимот на Реал Мадрид на дуелот од ЛШ против Копенхаген, што беше негов прв меч на „Сантијаго Бернабеу“ по пауза од осум месеци. Шпанскиот репрезентативец најпрвин се најде во немилост на Жозе Мурињо, но потоа на големо изненадување на шпанската јавност и новиот тренер Карло Анчелоти реши да го остави Касилјас на клупата за сметка на Диего Лопез. Иако во последно време името на Касилјас се поврзува со трансфер во неколку врвни европски клубови, искусниот голман е дециден на фактот дека планира да остане во Реал.
„Осум месеци се навистина долго време и чувството да бидам капитен среде Мадрид беше навистина прекрасно. Нормално е кога не си стандарден да си незадоволен, некои работи да ти се вртат низ глава, но суштински гледано ништо не е променето кај мене. Мојата цел се уште е иста, да останам во Реал Мадрид до крајот на својата кариера“ - истакна Касилјас.
Тој уште еднаш ги демантираше гласините за непријателство со Диего Лопез, за чии настапи во дресот на Реал Мадрид има само позитивни зборови.
„Диего Лопез е одличен голман што придонесе да дојдеме до многу победи. Кога победува Реал Мадрид, победувам и јас, победува и Диего. Не постои никакво пријателство, јас имам највисоко мислење за овој голман кој брани во фантастична форма“ - порача Касилјас.
ТОП10 ОК ?
1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О