Рафаел Надал се наоѓа на само еден чекор до камбек на врвот на АТП-листата откако Шпанецот утрово славеше над Фоњини и обезбеди пласман во полуфиналето од турнирот во Пекинг. Како што веќе информиравме, на Надал му е потребен само пласман во големото финале за да го мине Ѓоковиќ на првото место, па на шпанскиот тенисер му е неопходна само уште една победа, во полуфиналето против Бердих утре наутро, за да го комплетира фантастичниот камбек на тениските терени.
Фоњини има за што да жали бидејќи делуваше сигурно на патот до сензација во Кина, откако го доби првиот сет со 6-2, а потоа и одлично го стартуваше вториот, стигнувајќи до позитива од 4-1. Надал се разбуди во вистински момент, освои пет гејма во низа и израмни на 1-1 во сетови. Шпанецот со тоа доби на самодоверба и во решавачкиот сет целосно доминираше, славејќи со убедливи 6-1 за конечен триумф и пласман во полуфиналето.
Последна пречка на Надал на патот до врвот е Томаш Бердих, откако чешкиот тенисер славеше над Американецот Џон Изнер со 7-5, 6-2.