МЗТ ја прегази Олимпија


Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром на убедлив начин со 79:60 стигна до победата против словенечкиот претставник Унион Олимпија.
Во натпреварот со кој беше отворена новата сезона во регионалната АБА лига, вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ пред околу 4.000 гледачи избраниците на тренерот Влада Вукоичиќ беа подобри во текот на целиот меч и неочекувано лесно ги запишаа првите два бода.
„Металците“ ги добија првите три четвртини со 20:13; 19:15 и 22:13, а само последниот период им припадна на гостите од Љубљана (18:19) кои беа предводени од поранешниот тренер на МЗТ, Алеш Пипан.
Дамјан Стојановски и Тодор Гечевски реализираа по 16 поени, а двоцифрен број кошеви во домашниот состав запишаа и Стефан Синовец 13, како и Кејд дејвис 12.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О