Раскажала и некои шокантни детали од нејзините работни денови во минатот кои ја направиле само посилна.
Мадона и на 55 години не се откажува од своите секси комбинации, редовно провоцира, а во исто време е и голема хуманитарка која се бори за подобар свет.
Во новото интервју за Harper’s Baazar таа зборувала за своите почетоци, како и за работите кои го промениле нејзиниот поглед на светот.
„Многумина мислеа дека сум чудна. Немав многу пријатели. Но, на крајот се добро заврши, затоа што кога не си популарен и кога немаш богат друштвен живот, имаш многу време да се фокусираш на својата иднина. За мене тоа беше заминувањето во Њујорк за да станам вистински уметник. Имав можност да ги изразам своите чувства без компромиси“, вели Мадона за нејзините помлади денови.
„Ако не можам да бидам важна во својата работа или во својот живот, тогаш не гледам многу смисла во своето постоење на оваа планета“, додала поп кралицата.
Тешки денови во Њујорк
Но, не било сето тоа така едноставно. Мадона признала дека на почетокот трпела насилство и навреди на секој чекор.„Њујорк не беше тоа што мислев дека ќе биде. Не ме дочека со раширени раце. Првата година вперија пиштол во мене. Бев силувана на кров, а ми се закануваа и со нож. Во станот ми провалија три пати иако немав ништо вредно освен едно радио“, се сеќава Мадона и додава: „Преживеав, но бев преплашена“.
Тоа искуство ја направило посилна.
Инаку, неодамна Мадона го претстави нејзиниот нов проект. Се работи за 17-минутен филм во продукција на светската иницијатива за слобода на говорот ArtForFreedom. Ги повика сите луѓе да се вклучат во овој проект и да шират љубов.