Голема измама: Би-Би-Си снима документарци за Северниот пол во зоолошка

Искусниот камерман Даг Алан, кој со години работеше за Би-Би-Си, откри дека многу сцени од емисиите за животинскиот свет се снимаат во вештачко опкружување, а не во дивина.
Даг Алан се огласи две години подоцна, откако документарниот филм за Дејвид Атенборг „Заледена планета“ беше остро критикуван затоа што лажно беше прикажно раѓање на поларно мече во дивина, кое всушност се случио во зоолошка градина.

Алан, за кого Девид има изјавено дека е најдобар камерман со кој има работено, вели дека ги разбира гледачите кои се чувствуваат прелажани.
Тој се согласува дека Би-Би-Си не постапила на вистинскиот начин, и дека требало да прикаже дека сцените се снимени во зоолошка.


Тој додава дека е оправдано користењето на животни од зоолошките градини за време на снимањето документарни емисии за животните, сѐ додека авторите јасно им даваат до знаење на гледачите дека тие снимки не се направени во дивина.

„Не можете да снимате филм за глувци така што ќе отидете на ливада и ќе ги набљудувате. Морате да ги сместите во вештачка сценографија во која добро ќе се чувствуваат. За тоа е потребна голема уметност“, изјави Алан за време на промоцијата на неговата книга „Замрзнат кадар: Авантурите на снимателот на диви животни на мраз“.


Тој смета дека мрежата Би-Би-Си треба да биде горда на техниките кои ги користела за да го направи филмот „Замрзната планета“, а не да крие како се прави тоа.

Снимаката која ги разгневи гледачите можете да ја погледнете во продолжение. За неа осум милиони гледачи беа уверени дека е забележана од камерите на Би-Би-Си на температури под нулата, но на крајот се дозна дека тоа е снимено во зоолошка градина во Холандија, и дека е користен вештачки снег.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О