Кинезите градат нова Кристална палата

Поминаа повеќе од 160 години откако го воодушеви светот, и речиси 80 откако изгоре во пожар, а Британците никогаш не ја заборавиле. Кристалната палата, некогашниот скапоцен камен на Лондон, ќе биде повторно изграден како модерна културна атракција.
Проектот ќе чини 590 милиони евра, а ќе го финансира кинеска фирма. Во југоисточниот Лондон пред 160 години откриена е монументална градба која го засенила светот. Цела од стакло, со потполно иновативен дизајн, Кристалната палата навистина била единствена.

За жал, не и’ било судено да потрае, бидејќи 80 години подоцна изгорела во пожар. Британците, сепак, не заборавиле на неа, а сега планираат и градба на нова.


Планирањето, дизајнот и градбата ќе ги финансира кинеската инвестициона фирма „Жонг Ронг“, а извршниот директор на таа компанија, Ни Жаосинг, го опишал проектот како „прилика која се нуди еднаш во животот“.

„Сакам повторно од Кристалната палата да направам скапоценост во круната на Велика Британија и светот. Таа мора да биде уметничко дело само по себе“ – објаснил Ни.


Димензиите ќе останат исти како и кај старата, ќе има висина од 50, а должина од 500 метри. Стилот исто така ќе потсеќа на оригиналната Кристална палата, која ја дизајнирал Џозеф Пакстон за Големата изложба во 1851.

Лондонскиот градоначалник Борис Џонсон, кој ги обелоденил плановите, ќе претседава со тимот на експерти кој ќе одлучува за конечниот изглед на градбата за чија изградба ќе бидат издвоени 590 милиони евра.

 
Џонсон истакнал дека неговиот тим ќе осигура дека градбата ќе биде од највисок квалитет и да биде во духот на „многу саканата“ стара градба.

„Кристалната палата била врвот на иновациите во 19 век. Во својот дизајн го имала оној напреден дух кој го обликувал Лондон и целиот свет за идните генерации“ – рекол лондонскиот градоначалник.


Новата градба ќе биде пред се’ наменета за културни настани, како концерти, изложби и прикажување на филмовите, но и за конференција и конвенции.

Се’ уште нема планови во близина да се градат било какви станбени објекти, но можеби во планот ќе биде вклучен и хотел и по некој објект со комерцијална примена.

 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О